Во Грција потврдени 66 случаи на новиот коронавирус, Владата подготвува дополнителни мерки

Од:

По вчерашниот одржан состанок на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис со надлежните министри, според најавите, денеска се очекува Министерството за образование на Грција да излезе со соопштение за евентуално затворање на училишта, а паралелно бројот на потврдени случаи на заразени од коронавирусот во земјата се искачи на 66, јави дописничката на МИА од Атина.

Доцна синоќа, откако веќе беше завршен пладневниот состанок во премиерската палата, Министерството за здравство на Грција соопшти дека е потврден 21 нов случај на Ковид-19.

Од 66 лица заразени со новиот коронавирус, 51 случај е поврзан со групата што била на аџилак во Израел и Египет , односно 47 членови на групата и четири нивни контакти.

Во болници во Солун, Атина и Патра, хоспитализирани се 22 лица, а еден заразен со Ковид-19 и понатаму е со сериозна пневмонија згрижен во одделот за интензивна нега во Патра, додека пак 43 се во домашна изолација.

Од новиот 21 случај, 13 се во регионите Ахаис и Илиас, каде што во сила се владините мерки со кои се затворени училиштата, кината, театрите, археолошките музеи, местата за јавни собири и сл, седум се во областа Атика, поширокиот регион на Атина и еден на островот Евија.

Процесот на проверка на контактите на новите случаи, според Министерството за здравство на Грција, е во тек.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, вчера претпладне кога во Грција беа потврдени 45 случаи на новиот коронавирус, одржа состанок со надлежните министри на кој беше оценета ситуацијата во јавното здравје и последиците врз економијата.

Од кабинетот на Мицотакис соопштија дека дополнителните мерки ќе ги објават надлежните министерства.

– Од Министерството за здравство по состанокот на надлежната комисија, ќе се донесе одлука за дополнителни рестриктивни мерки за јавните места за собири. Исто така, ќе се разгледа кога и кои училишни единици треба да прекинат со работа. За училиштата соопштенија ќе има утре. Министерствата за финансии, развој и труд ќе ги конкретизираат и во понеделник, заеднички ќе ги објават мерки во економијата за областите погодени од рестриктивните мерки на владата за да се спречи ширењето на коронавирусот, соопштија вчера од кабинетот на Мицотакис.

На состанокот одржан, учествуваа министри од осум министерства (за финансии, развој, за здравство, труд, образование, за внатрешни работи, туризам и дигитално управување) тројца заменици министри, двајца генерални секретари, претседателот на Националната организација за јавно здравје, како и професорот по епидемиологија и претставникот за Ковид-19 од Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески