Во Грција од сабота пократок полициски час, мерката целосно се укинува на 1 јули

Од:

Од сабота полицискиот час во Грција ќе биде пократок и ќе почнува во 01.30 часот, наместо 00.30 како што беше досега, а на угостителските објекти ќе им биде дозволено да пуштаат музика, соопшти попладнево заменик министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас.

По позитивната препорака од комисијата на епидемиолози во Министерството за здравство, Хардаљас информираше за одлуките на Владата за дополнително олабавување на мерките.

Од сабота, 12 јуни, ќе биде дозволена и музика во угостителските објекти, кои и понатаму ќе работат само во надворешните делови и само за посетители кои седат на маса, а на настаните на отворено се зголемува дозволената исполнетост на капацитетот од 50 на 75 отсто.

Хардаљас истакна дека од 1 јули полицискиот час целосно ќе биде укинат, доколку епидемиолошката слика го дозволи тоа, а исто така од 1 јули, на прославите дозволени се најмногу 300 гости, наместо 100 како што е сега.

Мерките кои важат во Грција се однесуваат како на грчките државјани, така и на туристите.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески