Во грчкиот парламент доставен новиот нацрт закон за азил

Од:

На надлежната Комисија за јавна администрација, јавен ред и правда денеска ќе се разгледува новиот нацрт закон за азил што грчката Влада го достави до парламентот.

Новиот закон има 121 член и меѓу другото предвидува задолжително основно и средно образование на децата кои ќе добијат статус на меѓународна заштита; воведување казни за непочитување на законот, како што се правилата на работа на центарот во кој престојуваат; редефинирање на процедурите за доделување и одземање на статусот на меѓународна заштита и друго.

– Со нацрт законот за процедурите за азил, Владата се обидува да стави крај на неприфатливата состојба создадена за време на владеењето на СИРИЗА, на товар на цели области, но и на самите мигранти. Ги заштитуваме границите на земјата, ги забрзуваме процедурите за азил – со целосно почитување на правата на бегалците, но и со враќање на оние што немаат право на азил. Создаваме затворени центри и го намалуваме бројот на лица на нашите острови, напиша на социјалните мрежи, шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски