Во Драч од македонски државјанин украдени 6.000 франци и автомобил, уапсени три лица

Од:

Македонски државјанин, кој поседувал и швајцарски пасош, под закана со пиштол бил ограбен односно од неговата сопруга се украдени 6.000 швајцарски франци и автомобилот „аудиQ5“, во Драч, Албанија.

– На Албанец од Северна Македонија со постојано место на живеење во Швајцарија, кој во Албанија пристигнал на одмор со неговата сопруга, странска државјанка, од страна на две лица, под закана со пиштол им биле одземени 6.000 швајцарски франци и автомобилот „аудиQ5“, јави Топ чанел телевизија.

Според деталите кои ги соопшти полицијата, македонскиот државјанин се паркирал пред еден маркет во Драч, но не го изгаснал автомобилот. Во него била неговата сопруга, на која две лица ѝ се приближиле и под закана и ги земале парите, ја истуркале од автомобилот, влегле во него и избегале.

– Веднаш по дојавата за немилиот настан интервенираа полициските службеници од полицискиот комеасаријат од Драч и по неколкучаса со успех ја финализираа акцијата. Уапсени се лицата кои го ограбиле Б.Ф (33), државјанин на РС Македонија, кој поседува и пасош на Швајцарија, и неговата сопруга. Станува збор за Х.С (40) и Р.К(33) и двајцата од Драч, кои директно учествувале во настанот, како и Г.Д.од Каваја од кого побарале да им помогне да се засолнат, стои во полициското соопштение.

Се додава дека е пронајден и автомобилот, а се работи на пронаоѓање на украдените пари.

Ова е втор немил настан што го преживува македонски државјанин кој одлучил одморот да го мине на албанското крајбрежје.

На 27 минатиот месец во Валона беше запален автомобил „Ауди Р8“ сопственост на лице од Кочани, кој со семејство живеел во Германија.

Би можело да ве интересира

Албанците први во Европа и четврти во светот по барање азил, претседателот Мета вели: Доста е

А1он

Ковид-19 не ги заобиколи ни албанските затвори

Ана Ололовска

Заедничка седница на владите на Албанија и Косово в петок во Скадар

Ана Ололовска

Кражба на бродска опрема од пловни објекти во Студенчишкиот канал во Охрид

Ана Ололовска

Рама за Дојче веле: Плуралниот систем не е загрозен доколку малцинството не учествува на избори

Ана Ололовска

Мета му порача на владејачкото мнозинство, доколку се обидат да го разрешат, ќе го распушти Парламентот

Ана Ололовска