Во Атина пристигнаа седум пратенички од Авганистан

Од:

Седум Авганистанки-пратенички, заедно со членовите на нивните семејства, утрово, преку Тбилиси пристигнале во Атина, а од Авганистан биле извлечени со помош на невладината организација „Zaka Khan“ со седиште во Њујорк, соопштија од грчкото МНР.

Пратеничките и нивните семејства, во Грција ќе останат краток временски период додека да завршат процедурите за нивно заминување и преселба во САД.

Од Министерството за надворешни работи на Грција соопштуваат дека пристигнувањето и престојот во земјата е „во рамките на заложбата на Владата да прими симболичен број авганистански граѓани, кои ги бранат основните вредности, слободата на изразување и родовата еднаквост“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски