Во Албанија бројот на заразени од „Ковид-19“ се зголеми на 304 лица

Од:

Со дијагностицираните 27 нови случаи, бројот на заразени со „Ковид-19“ во Албанија се зголеми на 304 лица,од нив речиси половина или 146 се од Тирана.

Според Министерството за здравство и социјална заштита во последните 24 часа биле тестирани 112 сомнителни случаи а позитивен резултат има кај 27 од нив,меѓу нив и 13-годишно дете.

„Добра вест е дека се зголемува бројот на излекуваните. Во последните 24 часа излекувани се 13 пациенти,со што бројката се зголеми на 89. Во Инфективната клиника и во болницата „Шефќет Ндроќи“ хоспитализирани се 81 лице, од нив седум се на интензивна терапија, од кои четворица се интубирани. Останатите, до сега, се во стабилна состојба, стои во соопштението на Министерството.

До сега од „Ковид19“ починати се 16 лица,кои боледувале и од други болести,освен еден кој бил со прекумерна телесна тежна.

Мерките на Владата за спречување на проширувањето на опасниот врус продолжуваат.

Премиер Еди Рама преку Фејсбук денеска информираше дека, како и изминатите два викенда, утре и задутре се воведува полициски час од 13:00 до 5:00 часот.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија