Во Албанија 18 новозаразени со „Ковид-19“

Од:

Во Албанија се регистрирани 18 новозаразени со коронавирус,со што вкупната бројка се зголеми на 277 лица.

-Во последните 24 часа се тестирани 96 сомнителни случаи, при што 18 се потврдени. До денес, тестирани се 1.919 сомнителни случаи, позитивни со „Ковид-19“ се 277 случаи, од нив осум се деца. Просечната возраст на заразените е 50 години. Добра вест е дека во последните 24 часа имаме девет излекувани пациенти или вкупно 76 лица, изјави Ровена Даја од Институтот за јавно здравје.

Според неа, претпладнево починал 78-годишен маж од Драч, со што бројот на починатите се зголемил на 16 лица.

Во Инфективната клиника во Тирана хоспитализирани се 81 пациент, од кои осум се на интензивна нега, додека четворца од нив се интубирани. Останатите пациенти се во стабилна состојба.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија