Владата на Косово ги прогласи „Бригада Север“ и „Цивилна заштита “ за терористички организации

Од:

Владата на Косово ги прогласи „Цивилната заштита“ и „Бригада север“ за терористички организации, јавува Клан Косово.
Премиерот Албин Курти рече дека оваа одлука е донесена врз основа на фактот дека овие формации претставуваат сериозна закана за правниот и уставниот поредок на Косово.

„Уставниот и правниот поредок е бескомпромисен, за да се заштитат сите граѓани, „Граѓанската заштита“ и „Северната бригада“ се прогласени за терористички организации. Тие претставуваат сериозна и директна закана за уставниот поредок и безбедноста на Република Косово. Степенот на ризик од нив е висок и институциите се во постојани напори да се спротивстават на активностите и да ги спречат последиците“, рече Курти.

Тој ги обвини овие групи за напади врз КФОР, новинари и други граѓани.

„Напади врз граѓани и војници на КФОР, опасно оштетување на јавен и приватен имот, принуда на насилни протести и слично, се дејствија што ги преземаат овие групи. Затоа, „Цивилната заштита“ и „Северната бригада“ се прогласени за терористички организации“, рече Курти.

Би можело да ве интересира

Пеќ: Ранети се три лица, по напаѓачот е распишана потерница

Горан Наумовски

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Вучиќ на СБ на ОН: Со изборната кампања на Курти во Северна Македонија, тој ја поткопува регионалната стабилност

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов