ВИДЕО: Вознемирувачка снимка од злоставување во Инситут за лица со посебни потреби во БиХ

Од:

Новинарите на Ал Џезира дојдоа до вознемирувачко видео на кое се гледа како вработените во Институтот Пазариќ во Босна и Херцеговина малтретираат лица со посебни потреби. Според вработените во Установата кои ги интервјуираа новинарите на споменатиот медиум, видеото е направено оваа година, а никој не реагирал на насилството и покрај нивните обиди да ги предупредат претпоставените за ваков тип на насилство.

На видеото кое ја вознемири јавноста, се гледа како жена удира млад човек со тешкотии во развојот. Таа му вели да „молчи“ додека тој плаче од болка.

Засега никој не се огласил од Институтот каде наводно е направена снимката.

Вработените во изјава за Ал Џезира нагласија дека сите вработени во Институтот биле предупредени да не ги удираат децата со канистри.

„Сите се свесни што се случува таму. „Обидете се да гушнете еден од корисниците и ќе ја видите нивната реакција, тие веднаш прават одбранбени движења за да се заштитат“, изјавија за Ал Џезира.

Инаку, пред четири години во јавноста протече исто толку вознемирувачко видео на кое се гледа и нехуманиот однос кон жителите, како и тоа што вработените во Институтот Пазариќ ги врзале за радијатори.

Би можело да ве интересира

Во дел од Босна и Херцеговина прогласена епидемија на морбили

А1он

ВИДЕО: Силен земјотрес од 4,9 степени ја погоди Босна и Херцеговина

Катерина Ѓуровски

Земјотреси во Хрватска и во Босна

Апсења за тероризам во Сараево

Ужас во Босна: 14-годишник заклал шест кучиња

ВИДЕО: Син на пратеник уапсен за убиството на полициски инспектор во БиХ

Катерина Ѓуровски