ВИДЕО: Тригодишно дете загина во пожар во Белград

Од:

Тригодишно дете загина во пожар во белградската населба Железник. Како што објавија српските медиуми според неофицијални информации мајката на детето ја однела својата постара ќерка во основно училиште, а тригодишното дете останало да спие.

Од засега непознати причини избувнал пожар во барака од 30 метри квадратни, при што детето починало на лице место.

Во гаснењето на пожарот учествуваа пет противпожарни единици со 16 пожарникари. По локализирањето, во бараката е пронајдено безживотното тело на тригодишното дете, а како што изјави за Нова.рс Бајруш Ајвази, дедото на малото дете, кога ги видел пламените јазици се обидел да влезе, но и тој добил изгореници и не можел да го спаси момчето.

Полицијата и пожарникарите се на терен, а како што неофицијално се соопштува, пожарот настанал поради неисправни електрични инсталации.

Пожарникарите биле известени за пожарот околу 8 часот утрово и за четири минути биле на терен, но не успеале да го спасат детето.

Пожарот се проширил и на соседната куќа.

Би можело да ве интересира

Почнуваат градежните работи на Националниот фудбалски стадион во Сурчин

Предраг Петровиќ

Се запали воз во Белград

Горан Наумовски

Џејми Оливер отвори ресторан во Белград: Познати и цените

Предраг Петровиќ

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Маж од Белград на сила принудувал девојка да скокнат заедно од зграда

Горан Наумовски

Пијан маж во Белград со нож и секира им се заканувал на сопругата и на синот