ВИДЕО: Тинејџери со скапи коли дивеат по српските патишта

Од:

Арогантни, опасни возачки потези од страна на млади возачи, кои немаат никаква почит кон останатите учесници во сообраќајот, се забележани на нова снимка објавена на Јутјуб.

На снимката се гледаат повеќе примери на небезбеднo, безобразно возење, со кое младите возачи ги загрозуваат не само своите, туку и животите на сите кои се наоѓаат на патот.

Дивеењето на српските улици и патишта речиси секојдневно однесува животи, а во последните години зачестиле тешките сообраќајни несреќи за кои е виновно агресивното возење, главно од тинејџери, пишуваат српските медиуми.

Полицијата најави дека ќе биде строга кон грубите прекршители на сообраќајните прописи, а снимките објавени на социјалните мрежи ќе бидат земени предвид при судските постапки.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски