ВИДЕО: Снимен моментот кога утрово силен земјотрес го погоди Крит

Од:

Силниот земјотрес од 5,8 степени според Рихтер предизвика материјална штета на стари објекти, цркви, но и на патишта во неколку општини на Крит што се наоѓаат блиску до епицентарот, јужно од градот Ираклио, додека пак беа евакуирани училиштата и побарано од родителите да ги земат децата, јави дописничката на МИА од Атина.

Засега нема официјални информации за големината на материјалната штета што е предизвикана, но градоначалниците на дел од општините за грчките медиуми велат дека земјотресот бил доста силен.

Поголемиот дел од штетата е на стари градби и на фасадите на објектите, а во селото Аркалохори се урнала мала црква во која се вршеле градежни работи.

Во грчките медиуми се споменува дека две лица биле заглавени во урнати објекти, од кои еден во конкретната црквичка, меѓу засега нема официјална потврда на оваа информација.

Градоначалник на Ахарнес Емануил Кокосалис, општината што е на 15 до 20 километри од епицентарот, за телевизијата „Скај“ рече дека проблеми има во инфраструктурата и во снабдувањето со вода.

Градоначалникот на општина Вианос Никос Ставракакис за државната телевизија „ЕРТ“ сведочеше дека за време на земјотресот бил во неговиот автомобил, а поради јачината, возилото сменило правец.

Не е исклучена можноста за Крит да замине министерот за цивилна заштита на Грција Христос Стилијанидис.

Земјотресот беше регистриран во 9 часот и 17 минути по локално време, епицентарот е на копно, а не во морскиот дел, 23 километри северозападно од градот Арви, што се наоѓа јужно од Ираклио.

По големиот земјотрес следеа и помали потреси со јачина меѓу 3,2 и 4,6 степени.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Едно лице повредено, наредена евакуација на четири населени места на Крит поради пожар

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе