ВИДЕО: Сирени за опасност во Косовска Митровица, Зубин Поток, Лепосавиќ

Од:

Повеќе од десетина припадници на специјалната полиција со џипови пристигнале до зградите на локалната самоуправа во Лепосавиќ, Зубин Поток и Звечан јавуваат српските медиуми.

На влезовите во зградите се собраа десетици Срби, вработени во привремените власти на тие општини.

Пристигнувањето на специјалните полицајци беше пропратено со звукот на сирените во Лепосавиќ, Митровица и Зубин Поток, кои жителите од тие области ги активираат за да предупредат на опасност.

Во моментов околу општинските згради има косовска полиција.

Косовската полиција се обидела да влезе во зградата на општина Зубин Поток, но луѓето ги спречиле, изјави за Танјуг Милија Бишевац од Граѓанската иницијатива „Зубин Поток“.

Косовската полиција и ЕУЛЕКС се на терен.

Сирени се огласија и во Косовска Митровица, а според репортерот на Танјуга, причината не е позната.

Мала група граѓани се собра пред зградата на привремената управа на општина Косовска Митровица.

Градоначалникот на Зубин Поток Измир Зеќири, кој на изборите на 23 април освои 197 гласа, вчера положи заклетва во селото Чабра, градоначалникот на Звечани Љир Пеци во мнозинското албанско село Бољетин.

Заклетва во локалната канцеларија во населбата Шаљска Бистрица даде и градоначалникот на Лепосавиќ, Љуљзим Хетеми.

Сите тројца градоначалници дадоа заклетва на албански јазик, а во обраќањето до медиумите порачаа дека ќе работат во интерес на сите заедници.

Градоначалникот на северниот дел на Косовска Митровица, Ерден Атиќ, на 19 мај положи заклетва и на изборите освои 553 гласа.

Би можело да ве интересира

Прифатено барањето на Србија, ќе се одржи вонредна седница на Советот за безбедност на ОН

Дачиќ: Ако Србија реши да војува, на Косово нема да му помогнат ниту милион „Џавелини“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Во огромни колони, Србите од Косово одат да гласаат во централна Србија

Катерина Ѓуровски

Влада на Косово: Посветени сме на целосна нормализација на односите со Србија и меѓусебно признавање

Европските парламентарци бараат Србија да го екстрадира Милан Радоичиќ на Косово

А1он

Стејт департмент: Забележливо повлекување на српските сили долж административната линија

Катерина Ѓуровски