Влада на Косово: Посветени сме на целосна нормализација на односите со Србија и меѓусебно признавање

Од:

По повод средбата на главниот преговарач во дијалогот со Србија, Бесник Бисљими и специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог, Мирослав Лајчак, косовската влада соопшти дека Косово е посветено на целосна нормализација на односите со Србија и меѓусебно признавање.

Како што се посочува во соопштението на косовската влада, на средбата меѓу Бисљими и Лајчак се разговарало за сите аспекти поврзани со целосната имплементација на бриселскиот основен договор и Охридскиот анекс.

„Косово е посветено на целосна нормализација на односите со Србија и меѓусебно признавање“, се наведува во соопштението.

Лајчак синоќа по средбата со Бисљими изјави дека се договорени следните чекори.

Според медиумите, Лајчак, кој е во дводневна посета на Косово, денеска ќе се сретне со лидерите на опозициските партии, како и со претставниците на Српската листа.

Би можело да ве интересира

Прифатено барањето на Србија, ќе се одржи вонредна седница на Советот за безбедност на ОН

Стејт департмент: Забележливо повлекување на српските сили долж административната линија

Катерина Ѓуровски

Уапсен Милан Радоичиќ

Катерина Ѓуровски

Курти: Србија работи на воени планови за анексија на Косово

(ВИДЕО) Петковиќ покажа слика од убиениот Србин: Егзекуцијата е извршена лице в лице

Катерина Ѓуровски

Премините Јариње и Брњак и натаму се затворени за влез од Србија