ВИДЕО: Сеќавање на Вуковар, ден кој ја потресе Хрватска

Од:

На денешен ден, пред 21 година, воените единици на ЈНА влегоа во хрватскиот град Вуковар и со тоа се завршени тримесечните борби во кои загинаа илјадници луѓе.

Воените судири започнаа на 13-ти август 1991, а ЈНА го зазема градот на 18-ти ноември. Борбите за освојување на Вуковар траеа 86 дена, а во нив како се проценува загинале помеѓу 3.000 и 5.000 луѓе, поголемиот дел цивили. Во судирите е урнат 90 отсто од градот.

Цивилната власт во Вуковар е воспоставена на почетокот на декември 1991-та година. Донесена е одлука Вуковар да биде административен центар на „Српските делови на Славонија, Барања и западен Срем“.

За злосторствата во Вуковар, Меѓународниот трибунал во Хаг го обвини некогашниот градоначалник на градот Славко Докмановиќ, тројца поранешни официри на ЈНА, Миле Мркшиќ, Веселин Шљиванчанин и Мирослав Радиќ, како и поранешниот претседател на „владата“ на таа област Горан Хаџиќ.

Докмановиќ е уапсен во јуни 1997-ма година, а една година подоцна изврши самоубиство во притворот во Трибуналот. Миле Мркшиќ е осуден на 20 години затвор, Веселин Шљиванчанин правосилно на 10, а во меѓувреме е пуштен на привремена слобода, а Мирослав Радиќ е ослободен од вината.

Горан Хаџиќ беше во бегство до јули 2010-тата година, кога е уапсен. Пред еден месец во Хаг започна судењето против него.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари