ВИДЕО: Репортажата на „РАИ 3“ го разлути Рама

Од:

Италијанската телевизија „РАИ 3“, која во својата репортажа наведе дека во Албанија за дури дванаесет пати е зголемено производството на марихуана, го налути албанскиот премиер Еди Рама кој ова го нарече новинарски срам.

„Синоќешната вест за „РАИ 3“ дека наводно за дванаесет пати е зголемено одгледувањето канабис во Албанија е новинарски срам, без никаква врска со реалноста, рече тој.

Посакувам нашите одлични партнери сами да ја кажат вистината без да губат време”, напиша Рама на Твитер.

Но, опозицијата не е на тоа мислење. Во изјавата за медиумите, потпретседателот на третата по големна партија во земјата, Социјалистичкото движење за интеграција, Петрит Васили и поранешниот пратеник на демократите, Ервин Слиањи, изјавија дека репортажата на „РАИ 3“ ја „демаскирала пропагандата на Рама“.

Според нив, фактите на „РАИ 3“ укажуваат на реалната состојба во која се наоѓа земјата и дека владата не успеала во борбата против дрогата и организираниот криминал, што е еден од главните критериуми на Бундестагот за започнување преговори.

Репортажата на „РАИ 3“ го потврдува неуспехот на Рама и фактот дека Албанија и понатаму е Колумбија во Балканот, изјави Слиањи.

Посочи дека Албанија не само што не се бори против организираниот криминал, туку „тој е заштитен од владејачката партија и стана главен играч во меѓународната трговија со наркотици“.

Би можело да ве интересира

Го фатиле со марихуана – признал дека дома има уште и сам им ја предал на полицајците

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов