(ВИДЕО) Пукање во Сплит, ранет е криминалец, напаѓачот е во бегство

Од:

Сплитската полиција денеска пред 16 часот доби дојава дека има пукање во улицата Пат Скалица во Сплит. Едно лице е повредено и е пренесено за укажување лекарска помош во сплитската болница, соопшти полицијата. Потрагата по сторителот е во тек.

„Полицијата во моментов го опколи местото на настанот, се слушнаа неколку истрели“, велат сведоците на настанот.

Застреланиот маж наводно е свесен, на помош му пришле лекар и медицинска сестра од блискиот здравствен дом. Настанот се случи на 50 метри од градинката, во време кога децата си одат дома. Застрелан е ранет во десна потколеница.

Хрватските медиуми објавија дека е ранет Јосип Чубалиќ викан Чуба кој веќе и е добро познат на сплитската полиција.

Чубалиќ стана познат кога пукаше во Марио Бечиќ, попознат како господин туризам на Далмација. Токму Чуба беше обвинет од полицијата дека пукал и го удрил по главата со рачка од пиштол откако бил ранет. Меѓутоа, откако помина помалку од еден месец во истражен затвор, Чуба беше ослободен, пишуваше тогаш „Слободна Далмација“.

Тој е осуден на затворска казна од пет години и два месеци за обидот за убиство на Александар Димитров, попознат по прекарот Ацо Рус, во април 2013 година на улицата Велебицка, како и за општо опасно однесување и недозволено поседување оружје. За време на престојот во сплитскиот затвор Билице, бил нападнат од Анте Билиќ од Сплит, боксер осуден за убиство на Марјан Билиќ-Ковачевиќ со пиштол и осуден на 12 години затвор.

Чубелиќ одлежа четири години, по што беше пуштен на условна слобода. Во 2017 година, полицијата го поврза со ранувањето на Маријо Бечиќ, поранешниот мистер туризам на Далмација, кој беше прободен со нож во нозете на раскрсницата пред барот Малени во Срињини.

Би можело да ве интересира

Луѓето шокирани од цената на пицата во Сплит: „Попрво за тие пари ќе одам во Неапол“

Предраг Петровиќ

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пукање на забава: Има мртви, неколку повредени

Предраг Петровиќ

Од возило во движење пукано кон куќа во Тетово, нема повредени

Инцидент во Гази Баба, маж пукал со пиштол

Почина жената која пред еден месец беше ранета од тетовец на патарина во Прешево

Орце Костов