ВИДЕО: Пратеници со скафандери влегоа во бугарскиот Парламент

Од:

Пратениците од партијата Волја, Веселин Марешки и Кристина Таскова во Парламентот се појавија со заштитна облека, а пратениците од Бугарската социјалистичка партија побараа нивно отстранување со образложение дека дополнително ја влошуваат ситуацијата.

Марешки истакна дека сите бугарски пратеници да преземат мерки против новиот корнавирус со цел да се заштитат себе си, своите блиски и бугарскиот народ.

Тој додаде дека „бугарскиот Парламент не треба да се претвориме во центар на заразата“.

Во Парламентот се преземаат сите санитарни мерки, сите пратеници се со маски, а говорницата постојано се чисти. Правиме тоа што можеме, но не можеме да ја запреме работата на бугарскиот Парламент, изјави претседателката на Парламентот, Цвета Карајанчева.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори