ВИДЕО: Пожарникарите цела ноќ се бореа со огнот во Далмација, се вратија и канадерите: „По контрола е“

Од:

Пожарот што избувна во четвртокот нешто по 11 часот на подрачјето на Гребаштица е ставен под надзор во текот на ноќта, потврди за Хина Дарко Дукиќ, командир на противпожарната служба Шибеник-Книн. Во текот на ноќта на терен беа околу 140 пожарникари со 51 возило. Во ноќта од четвртокот кон петокот имало обновување на пламените јазици, но пожарникарите успеале да го задржат новиот залет на огнената стихија.

Во петокот рано наутро два канадери се вратија на местото на пожарот. Автопатот е отворен за секаков сообраќај, а струјата е вклучена. „Ситуацијата е многу подобра утрово. Нема отворен пламен и се прават напори да се изгасне“, потврди началникот на противпожарната служба Дарко Дукиќ.

До утрово ширењето на пожарот е запрено, нема отворен пламен, а се работи на гаснење, особено во областа Шпарадиќ. Пожарот се уште не е изгаснат, но е под надзор“, изјави Дукиќ.

Јадранската магистрала на тој дел е отворена за сите возила од четвртокот вечерта, а електричната енергија е вратена на домаќинствата и другите, кои во петок наутро нема да бидат исклучени поради враќање на пожарникарите на терен бидејќи нема далноводи во делот од пожарниот простор што се санира, објасни Дукиќ.

Во пожарот беше зафатена трева, ниска вегетација, маки и борови шуми, како и куќи и автомобили, а моментално проценетата опожарена површина е околу 600 хектари. При гаснењето на пожарот повредени се четворица пожарникари на кои им била укажана лекарска помош, соопшти ХВЗ.

Пожарот зафатил куќи во Гребаштица, изгореле неколку автомобили, а во еден момент пожарот ги загрозил и селата во внатрешноста на Примоште.

Пламенот во четвртокот тргна од Горња Гребаштица, носен од силни налети на ветерот и стигна до Шпарадиќ, Калина и Била и ридот Јелињак.

Покрај жупаниската противпожарна единица имало и припадници на државната интервентна единица од сплитско-далматинската и задарската жупанија кои со помош на воздухопловните сили го изгаснале пожарот – три кантари и два ертрактора.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари