ВИДЕО: Поплави во БиХ, спасувачите цела ноќ евакуирале население

Од:

Ситуација во полавените подрачја во Босна и Херцеговина денеска е нешто подобра во однос на вчера кога водата загрози бројни населени места во околината на Сараево, Коњиц и на Јабланица, но водениот бран сега се шири кон северот н земјата по реките кои се притоки на Сава.

Тимовите од цивилната заштита во текот на ноќта од куќите ги евакуираа загрозените жители од крајните сараевски населби кои гравитираат околу реката Босна во делот каде што таа се излеа од коритото.

На населението кое одлучило да не се евакура му била доставена храна, вода и лекови.

Според информациите на надлежните само во регионот на Илиџа биле поплавени повеќе од 80 објекти.

Во Добој денеска водостојот на реката Босна е повсок од два метри, додека вчера беше под 30 сантиметри.

Жртви нема, а материјалната штета која ја направија обилните дождови е огромна.

Би можело да ве интересира

Во дел од Босна и Херцеговина прогласена епидемија на морбили

А1он

ВИДЕО: Силен земјотрес од 4,9 степени ја погоди Босна и Херцеговина

Катерина Ѓуровски

Земјотреси во Хрватска и во Босна

Апсења за тероризам во Сараево

Ужас во Босна: 14-годишник заклал шест кучиња

ВИДЕО: Син на пратеник уапсен за убиството на полициски инспектор во БиХ

Катерина Ѓуровски