Група полски навивачи е спореведена и протерната од Хрватска. На пет угостителски објекти има поголема штета,а оштетени се и три автомобили. Ова е билансот по големата пресметка на околу 200 навивачи на Динамо Загреб и на Легија Варшава во пресрет на денешниот натпревар на овие два тима во квалификациите за Лигата на шампионите.
Bad Blue Boys (Dinamo Zagreb) looking for Legia Warsaw fans.pic.twitter.com/cmMBN58Yb1
— Sam Street (@samstreetwrites) August 3, 2021
Најмалку едно лице е сериозно повредено, се работи за полски навивач кој бил примен во болницата во Загреб со скршена бутна коска.
Се степаа 200 навивачи кои според очевидците се пресметувале со безбол палки, се гаѓале со пепелници, чаши и камења. Летале и факели.
BBB atack Legia in Zagreb tonight. 03.08.2021 pic.twitter.com/jRhRZZdTA1
— HooligansTV (@HooligansTV_eu) August 3, 2021
Полицијата уште собира податоци за бројот на жртви и на направената штета.
Загребската полиција собрала дел од полските навивачи на паркинг, а потоа ги спровела да граница од каде биле протерани.