ВИДЕО: Пијани хрватски полицајци претепале момче затоа што им звучелo како Србин

Од:

Во хрватското место Корлат кај Бенковац, во близина на Задар, во ноќта меѓу саботата и неделата, двајца полицајци во алкохолизирана состојба претепале човек поради тоа што слушнале дека зборувал со екавскиот дијалект на српскиот јазик и помислиле дека е Србин, пишува Антена Задар.

Од настанот е објавена и триминутна снимка, на која се гледа како полицајците започнуваат расправија, по која му бараат лична карта на 33-годишното момче, кое било во друштво на двајца другари и сестрата на едниот од нив. Според нејзе, двајцата вечерта ја поминале на шанкот каде таа служела, и биле сериозно алкохолизирани кога ја започнале кавгата, откако слушнале дека нејзиниот брат зборува на екавица.

„Откако заврши панаѓурот (по повод Голема Богородица) и музиката се изгаси, неколкумина седнавме на блиското ѕитче. Никого не вознемирувавме, ниту правевме врева. Дојдоа полицајците и на пријателот му побараа лична карта. Точно е дека тој беше пијан, но тие кога поминуваа покрај нас слушнаа дека зборува на екавица и мислам дека се ескалираше токму поради тоа. Кога одби да им даде лична карта, почнаа да викаат, а откако ги праша за бројот на значките, тие здивеа и почнаа да го тепаат како што се гледа на снимката,“ вели таа.

Кога сфатиле дека се снимени, еден од полицајците почнал да вика дека ќе извади пиштол, изјавила шанкерката во локалот за Антена Задар, каде ја предала снимката.

Би можело да ве интересира

Контроверзниот хрватски пејач Томпсон продаде невројатни 280 илјади билети за концертот во Загреб

Обвинителство бара притвор за седум полициски службеници од Штип и Кочани осомничени за тешки дела против општата сигурност

А1он

Хрстиќ: Подготвени сме да примиме на лекување уште повредени од пожарот во Македонија

Двајца повредени од пожарот во Кочани пристигнаа на лекување во Загреб

Цвијановиќ ги повика Хрватска и Србија да одржат нови преговори за Дејтон

ВИДЕО: Акцијата за спасување на Костелиќ во Црна Гора траела пет часа, објавени снимки