(ФОТО) Во сообраќајка загина екс хрватски фудбалер, во друго возило беа неговите сопруга и ќерка

Од:

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи во Карловац, загинаа две лица, меѓу кои и поранешниот хрватски фудбалски репрезентативец Никола Покривач, јавуваат хрватските медиуми.

Полицијата во краткото соопштение наведува дека несреќата се случи на обиколницата Турањ и дека во неа учествуваа четири патнички возила. Три лица се пренесени на лекување во медицинска установа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zagreb.info (@zagreb.info)

Во автомобилот со него беа и неговите тројца соиграчи од локалниот четвртолигаш Војниќ за кој настапуваше по завршувањето на професионалната кариера, а од тројцата повредени во несреќата, двајца се фудбалери на овој клуб.

Вториот загинат беше во друго возило, а „Јутарњи“ пренесува дека ова лице било во „ауди“ со австриски таблички, кое претекна и директно удри во „бмв“ во кое беа играчите.

Во „аудито“ беа и сопругата и ќерката на починатиот Покривач, изјавија очевидци за „Јутарњи“.

– Тој човек ме престигна, а потоа сакаше да го престигне и човекот напред. Како да се катапултираше, наиде бмв и тие директно се судрија. Тој човек беше придружуван од сопругата и две деца. Тие видеа се. Истрчав до бмв-то, отидов до вратата и погледнав внатре, но видов дека сите се… – изјави еден од сведоците.

Би можело да ве интересира

Ветераните бараат да му го откажат настапот на Бајага во Пула: Градоначалникот остро им одговори

Во Загреб пронајдени распаднати човечки останки, припаѓаат на поранешен хрватски ММА борец

Трагедија во Хрватска – пет мигранти се удавија во реката Купа

А1он

40 години затвор за убиецот на младиот доставувач на храна во Хрватска

Катерина Ѓуровски

Ја уби сопругата додека детето славеше роденден – таа повика полиција еден час претходно

А1он

Дигиталната забава бара повеќе од добар дизајн: Како возрасните ја избираат вистинската онлајн платформа