Уапсен e музичарот Миле Кекин

Од:

Музичарот Миле Кекин е уапсен во акција на хрватскиот УСКОК, дознава РТЛ.

Како што јави РТЛ, поранешниот фронтмен на групата Хладно пиво, е уапсен во акција на УСКОК (Канцеларијата за сузбивање на корупција и организиран криминал) и полицијата.

Во акцијата не е уапсен само Кекин, туку и неколку други лица за наводна измама со недвижен имот.

Како што неофицијално дознава сајтот Индекс, во тек е претрес во домот на Кекин, кој е осомничен за неправилности при купувањето земјиште во Истра. Станува збор за афера која се појави во јавноста во пресрет на претседателските избори, на кои сопругата на Кекин, Ивана Кекин, беше кандидат за партијата Можеме.

„Наведените дејствија се спроведуваат во Загреб и регионот на Истра во врска со повеќе лица за кои постои основано сомнение дека сториле повеќе кривични дела злоупотреба на положбата и овластувањето и перење пари. По распитот на осомничените, УСКОК ќе донесе одлука за понатамошно постапување во предметниот случај, за што навремено ќе ја информира јавноста“, соопшти УСКОК.

Би можело да ве интересира

Пијан возач премина во спротивната лента – загина жена

А1он

Маскирани хрватски полицајци претепале мигранти на границата со БиХ, пет лица со скршеници

Нови оставки во хрватската психијатриска болница по смртта на 32-годишниот пациент Кристијан Периш

Милановиќ: ЕУ не е држава, а нејзина надворешна политика не постои

А1он

(ВИДЕО) Детали за несреќата во Хрватска: покрај двете жртви има и шестмина тешко повредени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се преврте српски автобус во Хрватска, двајца загинати

Катерина Ѓуровски