Тројца полицајци осомничени дека малтретирале скопјанец во неговиот дом пред малолетниот син

Од:

МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе пријава против М.Т., С.Р., и Ф.Ѓ., полициски службеници од ПСОН Аеродром при СВР Скопје, поднесе кривична пријава за кривично дело „малтретирање во вршење на службата“ и кривично дело „нарушување на неповредливоста на домот“.

Првопријавениот М.Т. и второпријавениот С.Р. на 24.2.2025 пред влезната врата од станот сопственост на лице од Скопје, го известиле дека се дојдени да извршат службен разговор во врска со поднесена поплака од неговата сопруга, но тој не им дозволил да влезат, бидејќи немале налог од суд за влез во неговиот дом. Потоа М.Т. неовластено влегол во домот и насилно почнал да го влече оштетениот, го удирал по ногата и се обидел да го лиши од слобода, при што дејствијата ги преземал пред малолетниот син на оштетениот. Со тоа М.Т. сторил две кривични дела односно кривично дело „малтретирање во вршење на службата“ по член 143 од КЗ и кривично дело „нарушување на неповредливоста на домот“ по член 145 ст.2 од КЗ, додека второпријавениот С.Р. заедно со третопријавениот Ф.Ѓ. сториле кривично дело „нарушување на неповредливоста на домот“ по член 145 ст.2 од КЗ.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против полициските службеници М.Т., С.Р. и Ф.Ѓ. поднесе и предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работната дисциплина и отстранување од работно место-суспензија до завршување на дисциплинската постапка

Би можело да ве интересира

„Глас против насилство“: Децата не се виновни за неуспехот на институциите да ги заштитат

А1он

Син нападна мајка во Велес

А1он

Ја претепа сопругата пред децата, па го пушти плинот и тргна да ја запали

А1он

(ВИДЕО) Скандал во Франција: Снимени се полицaјци како упатуваат расистички и екстремистички коментари

Горан Наумовски

Десетина полицајци се разболеa од загадена вода во нова полициска станица

Иран погуби две лица осудени за убиство на четворица полицајци