ВИДЕО: Невреме во Хрватска, една жртва

Од:

Во невремето што ја зафати Хрватска уништена е една стара куќа, гранки и камења ги блокираа патиштата, а ветерот предизвика сообраќајна несреќа во која камион падна во бездна при што загина возачот.

dobivaj vesti na viber

Возачот на камионот загинал при пад во бездна, на делница од патот Карлобаг-Сењ кај исклучувањето за Призна, кој се случил синоќа за време на забрана за сообраќај за сите категории возила поради ураганскиот ветер, соопшти денеска полицијата на жупанијата Лика-Сењ.

Синоќа беше урната стара напуштена куќа во селото Кричина кај Брибир, а камења и друг материјал од куќата паднале на локален пат, по што релацијата Брибир-Грижане беше затворена за секаков сообраќај, соопшти општина Винодол.

Интервентните служби се на терен, известија претставници на општина Винодол.

Поради невремето во областа Кварнер имало многу паднати гранки и дрвја. Едно дрво паднало на патот во Хрељин, но локалните жители брзо го отстраниле, па немало подолг прекин на сообраќајот.

Државниот хидрометеоролошки завод за денеска издаде црвено предупредување поради ветер за подрачјето на Риека и Кварнер. Низ Горски Kотар на автопатот Риека-Загреб, меѓу клучките Делнице и Чавле, можат да минуваат само патнички автомобили.

Би можело да ве интересира

Милановиќ: Хрватскиот амбасадор во НАТО ќе добие инструкции да се спротивстави на членството на Финска и Шведска

Ана Ололовска

Дојава за бомба во Авенија мол во Загреб

Ана Ололовска

Грлиќ Радман: НАТО посилно да се ангажира во Западен Балкан

Хрватска одобри воведување на еврото во 2023 година

А1он

Протести и контрапротести во Хрватска околу правото на абортус

А1он

Паролин: Ватикан се залага за еднаквост на народите во БиХ

Ана Ололовска