ВИДЕО: Крадец ја однел чантата на жртвата во белградската експлозија, морале да ја идентификуваат блиските

Од:

Српските медиуми објавија снимка од безбедносна камера на која се гледа страотната експлозија на плински уред во центарот на Белград, а од неа сега издвојуваат неверојатен детаљ.

Во експлозијата во понеделникот беа повредени пет луѓе, од кои двајца потешко, а една од нив – сопственичката на сендвичарницата во која се случи несреќата, денеска им подлегна на повредите.

На петминутната снимка е прикажана не само експлозијата, туку и минутите по неа и реакциите на минувачите. Во еден момент, нешто пред истекот на четвртата минута од видеото, снимен е и човек кој зема торба која излетала на улицата од силината на експлозијата. Според медиумите, се работи за крадец, кој ја однел торбата на загинатата жена.

Додека неколкумина од минувачите и луѓето од околните продавници се обидуваат да ѝ помогнат на повредената жена, бесрамниот крадец ја трга чантата настрана и прегледува што има во неа, пред да си замине заедно со „пленот“.

Тој ги однел документите на починатата жена, која имала изгореници на 90 отсто од телото, па поради тоа семејството морало да ја идентификува, пишуваат српските медиуми.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Избегал од затвор и крадел низ Крива Паланка

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама