ВИДЕО: Граѓаните на Тирана од терасите им аплаудираат за здравствените работници

Од:

Граѓаните на Тирана се приклучија кон иницијативата секојдневно во јавен тв-пренос од своите балкони 15 минути да аплаудираат за сите лекари и медицински сестри кои се справуваат со заразата со новиот коронавирус.

Граѓаните, кои следејќи ги препораките на превентивните мерки за спречување на ширење на инфекцијата со Ковид-19, остануваат во своите домови, на тој начин им се заблагодаруваат на лекарите и медицинските сестри за нивните напори низ цела Европа.

Албанскиот премиер Еди Рама ја поздрави оваа иницијативаповикувајќи ги сите семејства во Тирана и низ целата земја да ги пречекаат своите сестри и лекари кои се борат со коронавирусот од нивните балкони во 17:30 часот.

Во оваа земја бројот се зарaзените од коронавирусот е 38 лица од нив 22 се во Тирана. Еден од досега дијагностицираните, 73-годишна жена од Драч веќе почина, а во тешка здравствена состојба се уште две лица.

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Убиен е ученик во Тирана, двајца се повредени

А1он