Од Дебар до Тирана за еден час, пуштен во употреба големиот тунел на автопатот „Патот на Арбр“

Од:

Со пуштањето во употреба на големиот тунел Муриз, попладнево, што е дел од автопатот „Патот на Арбр“ (Руга е Арбрит), од Дебар до Тирана веќе се пристигнува за еден час.

Во присуствуваа жители од поширокиот регион, со зурли, тапани, оро, беше пречек премиерот Еди Рама, заедно со вицепремиерката, воедно и министерка за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку, како и други министри.

Вообичаени говори немаше, освен поздравување со граѓаните на кои Рама уште еднаш им вети дека додека е тој на чело на албанската влада, на овој автопат нема да се наплатува патарина.

– Иако е дел од јавно-приватно партнерство (ЈПП), патарина нема да ја плаќаат ниту албанските граѓани, ниту странците, додека јас сум премиер. Овој пат е финансиран со албански средства. На сите патишта може да се наплатува патарина, но не и Патот на Арбр, рече претходно Рама.

Тунелот од денес е пристапен за сите видови возила, а работите продолжуваат на помошниот тунел, кој е за итни случаи. Почна да се отвора во мај 2019 година, но работите одеа многу побавно од предвиденото, поради тешката геологија и лизгањето на земјиштето. Тој е со должина од 3,78 километри.

Автопатот за сообраќај беше пуштен на крајот од ноември 2021 година, севкупно, има 7 тунели, со вкупна должина од 8,5 километри, како и 4 моста, едниот од нив, со 158 метри е највисок на Балканот.

-Со должина од околу 74 километри „Патот на Арбр“ станува важен коридор за поврзување Исток-Запад. Не само што ќе ги доближи граѓаните на Тирана и на цела Албанија со Дебар и Северна Македонија, туку ќе биде и артерија на економскиот развој и туризмот. Исто така, оваа патна оска ќе биде најкратката рута што ќе ја поврзува Тирана со Пешкопеја, како и со Северна Македонија, Дебар, Тетово и Скопје, така што ќе биде меѓународен пат за поврзување, изјави претходно Балуку.

Поради добрата инфраструктура во контиунитет се зголемува фреквенцијата на патници на преминот „Блато. Така, минатата година, како што потврдија од македонското МВР, на влез и излез регистрани 834.345 патници, од нив странски 672.062 и 162.283 македонски државјани. Споредено со претходната година бројот е поголем за 120.086 патници.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Седум дена хаос во Тирана, молотови коктели, водени топови: Рама не преговара, ќе објави мерки

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Ескалација на протестите во Тирана: Илјадници демонстранти бараат оставка од Рама, полицијата употреби солзавец и водени топови

(ВИДЕО) Хаос во Албанија. Демонстранти палат и кршат продавници, повеќе од 150 повредени

Немирите во Тирана продолжуваат, Рама изјавува дека нема да поднесе оставка

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тирана e во пламен: Демонстрантите бараат оставка од Еди Рама

Горан Наумовски

Судири меѓу полицијата и демонстрантите во Тирана