ВИДЕО: Двајца загинати во железничка несреќа во Црна Гора

Од:

Во железничка несреќа кај Мојковац, загинаа двајца работници на новосадската компанија „Згор“, 53-годишниот Ранко Кашиковиќ и 55-годишниот Горан Гавриќ, а 43 лица се повредени.

Несреќата се случила околу 17 часот и 30 минути, кога воз налетал на железничка градежна машина, која била поставена во тунел на пругата помеѓу Мојковац и Бијело Поље.

Во моментот на несреќата во возот, кој сообраќал на релација Подгорица-Бијело Поље имало околу 60 патници, а на пригата седум работници.

Повредените се хоспитализирани во Општата болница во Бијело Поље. Тројца од нив се со потешки повреди.

Истрагата за несреќата е во тек, а сообраќајот на пругата Подгорица-Бијело Поље и понатаму е во прекин.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полуматуранти запалија училиште во Подгорица: славеле крај на основното образование

Катерина Ѓуровски

Поддршката на Резолуцијата за Сребреница ја става Црна Гора пред закана за нов српски бунт

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски