ВИДЕО: Два случаи на коронавирус во Бугарија?

Од:

Во Плевен и Габрово се регистрирани првите два можни случаи на коронавирус во Бугарија, соопшти Народниот штаб за операции на итен брифинг, објави БГНЕС.

Двајцата пациенти – маж на 27-годишна возраст и жена на 75 години биле позитивни на нивниот прв и втор тест.

Новини

Новини

Posted by Kanal 3 on Сабота, 07 март 2020

„Овие не се сигурни податоци и ние продолжуваме со последователните анализи. Примероците веќе патуваат во Софија“, изјави првиот човек на Воената медицинска академија и шефот на бугарскиот Национален штаб за коронавирус, Венцислав Мутафчииски.

МВР започна со утврдување на местото каде престојувале лицата и ќе бидат земени примероци од сите лица со кои контактирале, додаде Мутафчииски.

Мутафчииски на брифингот во 17 часот објави дека имало четири лица за кои се сомневало дека се заразени со коронавирус. Тој прецизираше дека се прават повторни тестови кај сите.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори