ВИДЕО: Брнабиќ исвиркана во Нови Пазар, лекари ѝ свртеа грб

Од:

Група граѓани во српскиот град Нови Пазар, особено погоден од новиот бран на случаи на коронавирус, се собраа додека зборуваше српската премиерка Ана Брнабиќ и ја исвиркаа, a група лекари за време на нејзината посета во градската болница ѝ свртеа грб.

Граѓаните ја обвинуваат српската премиерка за обид за користење на тешката ситуација во најголемиот град во областа Санџак за собирање политички поени. Во Нови Пазар во изминатите два дена од Ковид-19 починаа 9 лица, а министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека бројот на заразени се зголемува затоа што голем број болни лежат дома и доаѓаат во болница дури кога ситуацијата ќе им се влоши.

Брнабиќ, од своја страна, исто така апелираше кризата да не се политизира.

„Драго ми е што луѓето што дојдоа да изразат протест и несогласување носат маски Тоа е вистинската одлука, како што е порака на демократијата во општеството дека сите можеме сите да дојдеме, да кажеме што е направено и што дополнително ќе се направи, а луѓето кои на каков било начин не се согласуваат со она што е овде направено, да кажат со што не се согласуваат,“ рече српската премиерка.

Во последните 24 часа во Србија се регистрирани уште 276 лица заразени со Ковид-19, а три лица починале, па така вкупниот број на жртви е зголемен на 277, јавија српските медиуми.

Властите во Србија бележат вкупно 1.625 активни случаи, а во изминатото деноноќие тестирани биле 8.377 лица. Од почетокот на епидемијата во Србија се регистрирани 14.564 случаи на коронавирус, а починале 277 лица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија

Почина работникот кој беше тешко повреден во експлозија во Лештани