Весна Пусиќ: Терористите патуваат со авион, а не со чамци преку море

Од:

Хрватскиот министер за надворешни работи Весна Пусиќ изјави дека напливот на бегалци од Сирија и од Блискиот Исток во Хрватска не би требало да се третира како „безбедносна ситуација“, туку само како бегалска криза.

– Терористите патуваат со авиони и тоа со бизнис класа, а не со гумени чамци преку море, затоа што не сакаат да ризикуваат да настрадаат на таквото ризично патување, рече Пусиќ во изјава за телевизијата Н1.

Изјавата на Пусиќ доаѓа по критиките од хрватската опозиција и пред се од најголемата опизициска партија, Хрватската демократска заедница (ХДЗ), дека Владата „не се снаоѓа во кризата“ и дека Хрватска се соочува со „безбедносна ситуација“, а не со социјален проблем за тоа како да им се помогне на луѓето кои бегаат од воените судирања.

Ваквата квалификација опозициската ХДЗ ја објаснива со тврдењата дека бегалците може да предизвикаат загрозување на внатрешната безбедност на земјата, како и дека со нив може да влезат и некои од терористите од групите кои дејствуваат на Блискиот Исток.

Владата во Загреб ја отфрли идејата да се ангажира војската, на што инисистираше и хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, која доаѓа од редовите на ХДЗ, тврдејќи дека Хрватска нема толку војнци за да ги покрие сите делови од границата со соседите и да спречи бегалците да навлегуваат низ полињата и нивите.

Премиерот Зоран Милановиќ денеска исто така демантираше дека станува збор за некаква „безбедносна ситуација“. Тој невообичаено остро го критикуваше однесувањето на Унгарија и на Словенија кон бегалците, затоа што ги затвораат своите граници, претворајќи ја хрватската територија во своевиден собирен центар за бегалци, за овие две соседни земји.

Милановиќ порача дека луѓето кои се на територијата на Хрватска, сега организирано ќе се префрлаат до границите со соседите, за потоа да продолжат на Запад што е и цел на нивното долго патување.

Хрватскиот премиер ја прекори и ХДЗ дека заговарајќи остри мерки за заштита од бегалците, се однесува кон нив на истиот начин како и унгарската владејачка партија Фидес.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик

(ВИДЕО) Хрватска еуфорично го пречека Бејби Лазања: Ние сме деца кои се направија сами