Весиќ: Ѓилас посакува насилство на улиците на Белград

Од:

Заменик градоначалникот на Белград, Горан Весиќ ги повика жителите на главниот град да останат мирни и да не наседнуваат на провокациите на Драгaн Ѓилас и Бошко Обрадовиќ.

Тие сакаат насилство и крв на улиците на нашиот град, рече Весиќ и наведе дека двајцата политичари како и сите што влегоа насилно во РТС кривично ќе одговараат во согласност со законот.

-Насилниот упад на хулиганите во зградата на РТС, уништувањето на државниот имот и заканите кон новинарите го организираа Ѓилас и Обрадовиќ, сцени за кои верувавме дека во Белград повеќе нема да се повторат. Белград не заслужува овие хулигани да го уништуваат, рече Весиќ.

-Видовме за каква слобода на медиуми се залагаат, со оглед дека им се закануваа на новинарите кои мислат поинаку од нив. Ние видовме дека Ѓилас и Oбрадовиќ единственото што им го нудат на граѓаните е насилството, рече Весиќ.

Би можело да ве интересира

Весиќ: СНС има апсолутно мнозинство пратеници и може самостојно да формира влада

Дојава за бомба во РТС

Екипа на РТС нападната во Земун: Снимаа анкета, а потоа се појави напаѓач со шише во рака

24 години од НАТО бомбардирањето на РТС-Зошто?

Весиќ: Србија и Северна Македонија ќе имаат заедничка железничка станица во Табановце

ВИДЕО: Дојава за бомба ја евакуира српската државна телевизија

Жарко Настоски