Велика Британија повикува на ослободување на косовските полицајци, градоначалниците да работат од други локации

Од:

Владата на Обединетото Кралство повика на итно ослободување на тројцата косовски полицајци кои беа уапсени од српската полиција на 14 јуни. Во соопштението, исто така, се повикуваат косовскиот премиер Албин Курти и неговата влада да се погрижат избраните градоначалници да ги извршуваат своите „преодни должности од алтернативни локации“.

Владата на Британија ги повикува Косово и Србија да покажат максимална воздржаност, да избегнат еднострани мерки и да преземат итни мерки за намалување на тензиите.

„Ги повторуваме нашите повици до премиерот Курти и неговата влада да се погрижат избраните градоначалници да ги извршуваат своите привремени должности од алтернативни локации надвор од општинските згради и дека специјалните полициски единици ќе бидат повлечени од општинските згради“, се вели во соопштението.

Како што додаваат, треба што поскоро да се распишат нови инклузивни избори, а косовските Срби се охрабрени да учествуваат на тие избори.

„Очекуваме Косово и Србија веднаш да се вклучат во дијалогот што го води ЕУ, а особено да започнат со работа без натамошно одлагање за формирање на Заедница на општини со српско мнозинство“, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Поранешниот советник на Пацоли призна дека тој го нарачал убиството на неговата сопруга

Горан Наумовски

Лавров: Србија нема да ја примат во ЕУ додека не го признае Косово

Орце Костов

Фалсификуваните евра запленети на Косово биле печатени во Македонија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Убиена е сопругата на Наим Мурсели, поранешен советник на Беџет Пацоли

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Хаос на протестот во Приштина: Ветераните на ОВК не сакаат Специјален суд ниту ЗСО

Горан Наумовски

Во Косово запленети 85.000 евра во монети од по две евра, тројца Македонци меѓу уапсените

Катерина Ѓуровски