Вела: Околу 400.000 лица во Европа годишно умираат поради загадување на воздухот

Од:

Поради загадениот воздух секоја година во Европа прерано умираат 400.000 лица. Ова го изјави за Бугарската национална телевизија комесарот на Европската Унија за животна средина, поморство и рибарство, Кармен Вела.

Во врска со тоа дали загадувањето на воздухот е најголемиот еколошки проблем за Бугарија и за целата ЕУ, Вела рече дека загадувањето на воздухот е глобален проблем не само за Европа туку и за целиот свет.

„Секоја година во Европа предвремено умираат 400 илјади лица поради лошиот квалитет на воздухот. Овде не ги вклучувам хроничните заболувања што ги развиваат нашите граѓани. Сите земји членки треба да сторат повеќе, Бугарија не е исклучок“, рече Вела.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори