Утре ден на жалост во Албанија

Од:

Албанската влада го прогласи утрешниот ден за Ден на национална жалост поради трагичната сообраќајна несреќа што денеска се случи во близина на градот Химара.

Албанското знаме ќе биде поставено на половина копје, а премиерот Сали Бериша, кој е на Самитот во Чикаго, најавил итно враќање во земјата.

Во несреќата загинаа 11 студенти и возачот на автобусот.

Неколкумина од студентите се во кома и лекарите во Воената болница во Тирана се уште се борат за нивниот живот, а 22 се полесно повредени.

Несреќата се случила денеска околу 17 часот кога автобусот со кој патувале студентите од Универзитетот „Алексанред Џувани“ од Елбасан, излетал од патот и паднал во бездна длабока од 80-100 метри.

 

Би можело да ве интересира

Автомобил излетал од тркачка патека и влетал во публика: Има мртви, меѓу нив и дете

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Несреќа во Турција: Туристи паднаа од кабина на жичарница, има и мртви

А1он

Загина чешки турист додека фотографирал огромни бранови на Канарските острови

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски