Убиецот од Градачац се самоуби пред полицајците

Од:

Серискиот убиец Нермин Сулејмановиќ, кој денеска уби најмалку три лица во Градачац, се самоубил пред очите на полицијата, дознава Klix.ba.

Сулејмановиќ прво ја убил сопругата, а злосторството го пренесувал во живо на Инстаграм.

Тој не застанал тука и продолжил со крвавиот чин. Како што потврдија за Klix.ba од Обвинителството на кантонот Тузла, најмалку три лица се убиени. Исто така, има и неколку ранети.

После тоа се врати на Инстаграм во живо, од непозната локација. Таму зборуваше за тоа како ги извршил убиствата.

Покрената е голема полициска акција, а како што дознаваат од босанскиот медиум, тој потоа се самоубил пред очите на полицијата.

Би можело да ве интересира

Во дел од Босна и Херцеговина прогласена епидемија на морбили

А1он

ВИДЕО: Силен земјотрес од 4,9 степени ја погоди Босна и Херцеговина

Катерина Ѓуровски

Земјотреси во Хрватска и во Босна

Апсења за тероризам во Сараево

Ужас во Босна: 14-годишник заклал шест кучиња

ВИДЕО: Син на пратеник уапсен за убиството на полициски инспектор во БиХ

Катерина Ѓуровски