Уапсени две лица во хотел во село Бањска

Од:

Две лица се уапсени во хотел во село Бањска кај Звечанско под сомнение дека нелегално поседувале оружје, соопшти косовската полиција.

В.д директорот на на косовската полиција за северниот регион Ветон Ељшани за новинарите изјави дека двајца хотелски работници биле уапсени откако, како што тврди, на паркингот на хотелот бил пронајден автомобил полн со оружје.

Тој додаде дека истрагата ќе покаже дали уапсените се поврзани со настаните во селото Бањска во неделата, каде имаше конфликт меѓу локалните Срби и косовската полиција, во која загинаа тројца Срби и еден полицаец.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски