Уапсени десет лица и повреден еден полицаец за време на вчерашните инциденти во Атина

Од:

Приведени 50 лица, од кои 10 уапсени, повреден еден полицаец и материјална штета е исходот од инцидентите што синоќа се случија во атинската населба Ексархија, по протестот за одбележување на 11годишнината од убиството на Алексис Григоропулос, средношколецот кој на 6 декември 2008 беше застрелан од полицаец.

Главниот дел од собирот, односно протесниот марш низ улиците на Атина, помина мирно и масовно, а инцидентите се случија во населбата Ексархија каде што и беше убиен Григоропулос пред 11 години.

Тензиите и инциденти, започнаа кога маскирани лица ја нападнаа полицијата со предмети, во главно мермер и со молотови коктели, по што полицијата интервенираше со шок бомби и солзавец.

Протести се одржаа и во други грчки градови, а инциденти имаше и во Солун и Патра. Според полицијата, во Патра беа уапсени седум лица и повредени двајца полицајци, а во Солун од осумтемина приведени, уапсени беа две лица.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски