Уапсен е екс-директорот на полициската управа на Црна Гора, Веселин Вељовиќ

Од:

Поранешниот директор на Полициската управа на Црна Гора, Веселин Вељовиќ, утрово е уапсен во акција на Специјалното полициско одделение по наредба на Специјалното државно обвинителство.

Вељовиќ е уапсен во соработка со Агенцијата на Европската унија за соработка во спроведувањето на законот (ЕВРОПОЛ), пишува Вијести.

Полицијата од рано наутро ги претресува становите и куќите на Вељовиќ во Подгорица, Мојковац, Жабљак и Никшиќ…

Во полициската акција има уште апсења.

Инаку, Веселин Вељовиќ беше директор на Полициската управа од летото 2007 до 2011 година, а потоа во периодот од 30 јули 2018 до 17 декември 2020 година беше прв човек на црногорската полиција во вториот мандат.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ветерот за малку ќе превртеше крузер во Которскиот залив

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црна Гора: Поплавени улици, куќи и мостови, вода влегла и во итната медицинска помош

Горан Наумовски

Во Битола приведена скопјанка барана со шест потерници за осумипол годишна казна затвор

Црна Гора доби нова влада

Собир за поддршка на Палестина во Подгорица

Америка не сака српски партии во новата црногорска влада

Предраг Петровиќ