Туск: Западен Балкан е приоритет за ЕУ

Од:

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск изјави дека не гледа друга иднина за Западен Балакн отколку таа во Европска унија.

– Не постои план Б. Западен Балкан е составен дел од Европа и припаѓа на нашата заедница, наведе Туск.

Тој наведе дека за време на Самитот во Софија се разговарало за подобрување на врските во регионот, но и за врските на ЕУ со Западен Балкан и тоа во областа на меѓучовечки контакти, економијата, инфраструктурата и дигиталните програми.

– Сакам да бидам јасен. Агендата за поврзување не е алтернатива ниту замена за проширувањето. Тоа е начин да се искористи времето помеѓу денес и утре поефикасно отколку претходно, со цел нашите граѓани и компании да не чекаат на сите придобивки од ЕУ интеграциите, наведед Туск.

Претседателот на Европскиот совет, Самитот Европска унија – Западен Балкан го оцени како многу добар и успешен, додавајќи оти сите 28 лидери на ЕУ зборуваа за европската перспектива на регионот.

– Ако го споредиме овој регион со другите делови на Европа, кога зборуваме за „проблеми по глава на жител“ Западен Балкан е пред Франција и Германија заедно. Затоа мораме да бидеме упорни, цврсти, оптимисти, но и внимателни со нашите ветувања, посочи Туск.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Кој ќе добие над 50.000 евра мора да е јавно објавен – Одобрени шест милијарди евра за Западен Балкан

Анита Петровска Рајковиќ