Турски суд му нареди на Фејсбук да блокира некои интернет страници

Од:

Турски суд му нареди на Фејсбук да блокира повеќе интернет страници, на кои според негово мислење, се навредува пророкот Мухамед, заканувајќи се дека доколку не го направи тоа, ќе го блокира пристапот до оваа социјална мрежа.

Судскиот налог, кој е издаден вчера, следува по барање на Обвинителството. Засега нема коментари од претставниците на Фејсбук.

Ова е последен потег на турските власти во реакциите околу навредите на верските чувства на муслиманите, како што тие го доживејаа објавувањето на карикатурите на пророкот Мухамед во францускиот сатиричен неделник „Шарли ебдо“.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган претходно предупреди на „судир на цивилизациите“ по серијата напади од страна на милитантни исламисти во Париз, додавајќи дека зад нападите на „Шарли ебдо“ се кријат напади врз исламот.

Премиерот Ахмет Давутоглу изјави дека слободата на медиумите, не му дава никому право да навредува, опишувајќи го објавувањето на карикатурите како „голема провокација“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција во хаос: Мртви и повредени во големи пожари

Предраг Петровиќ

Најмалку пет лица загинаа во шумски пожари во Турција

Околу 16.000 месари-аматери се повредени при ритуалното колење животни во Турција

Горан Наумовски

Се урна зграда во Истанбул, луѓе останаа заробени под урнатините

Вооружена пресметка меѓу две групи во Турција: Три лица загинаа

Горан Наумовски

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа