Турската војска соопшти дека „неутрализирала“ 38 војници на ИД во Сирија

Од:

Турските воени авиони погодиле цели на ИД и при тоа „неутрализирале“ 38 борци на терористичката организација, соопшти денеска турската војска. 

Војската наведе дека во текот на последните 24 часови турските ловци нанеле удари врз 28 позиции на ИД при што биле уништени засолништа, командни центри, оружје и возила на групата.

Турската војска пред повеќе од четири месеци ја започна операцијата „Еуфратски штит“ во северна Сирија, со цел да го прочисти регионот на границата од борците на ИД и од сириската курдска милиција Сили за заштита на народот, кои Анкара ги смета за терористичка организација.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција во хаос: Мртви и повредени во големи пожари

Предраг Петровиќ

Најмалку пет лица загинаа во шумски пожари во Турција

Околу 16.000 месари-аматери се повредени при ритуалното колење животни во Турција

Горан Наумовски

Се урна зграда во Истанбул, луѓе останаа заробени под урнатините

Вооружена пресметка меѓу две групи во Турција: Три лица загинаа

Горан Наумовски

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа