Турската полиција нападна со солзавец екипа на Би-Би-Си

Од:

Единиците за борба со улични немири на турската полиција со солзавец ја нападнаа телевизиската екипа на Би-Би-Си која во реонот на турско-сириската граница ги снимала протестите на локалните и на сириските Курди против односот на Турција кон случувањата во пограничниот сириски град Кобане.

Во обидот да ги растераат демонстрантите ,турската полиција употреби солзавец ,а два канистери со овој гас се испукани и кон репортерската екипа на Би-Би-Си.

Според  извештајот на екипата ,канистрите со гас биле испукани кон возилото во кое се наоѓале новинарот и неговиот снимател, откако тие заминувале од местото на судирањата на полицијата со демонстрантите.

Канистерот низ задното стакло на возилото, навлегло во автомобилот,кој се исплнил со солзавец. Се јавува дека никој не е повреден во овој инцидент.

Курдите од двете страни на границата, излегоа на заеднички протести на турската страна, гневни на властите во Турција, поради нивното „пасивно однесување“ кон тешката битка што сириските Курди ја водат со џихадистите од ИД,околу одбраната на Кобане.

Една курдска жена-самоубиец, се проби до позициите на џихадистите и во бомбашки напад уби десетина припадници на ИД.

Американската авијација ги бомбардиреше позициите на џихадистите, за да им помогне на курдските борци, но турските сили кои ја гледаат борбата во Кобане од својата страна на границата, засега не преземаат ништо, за да се запре напредувањето на џихадистите.

Извештаите од теренот покажуваат дека е запрено напредувањето на ИД, чии припадници повеќе од три недели го опседуваат овој град, но тие се во неговите источни делови и имаат освоено едно стратешко важно ридче од каде би можеле да нападанат и да го освојат целиот град.

Кобане е во близина на границата меѓу Сирија и Турција и доколку падне во рацете на ИД, џихадистите ќе имаат целосна контрола на патот кон границата. Околу 160 илјади Курди пребегаа на турска територија, стравувајќи се од одмазничките операции на припаднициците на ИД кон курдското население, но тие се лутат на Турција која одбива да им помогне, како во борбата за Кобане, така и во сите случувања непосредно до граничната линија,во изминатите месеци.

Властите во Анкара ветија дека ке се вклучат во борбата против ИД, особено откако турскиот Парламент даде согласност за учеството во анти-ИД коалицијата, но турските сили се уште стојат настрана од сите борби со џихадистите.

Бебзбедносни експерти објаснуваат дека Турците се резервирана кон судирањата во Кобане затоа што тамошните Курди ги поддржуваат припадниците на ПКК, во Турција забранетата курдска оранизација.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски