Турција повторно го блокира Твитер?

Од:

Турските власти повторно ја разгледуваат можноста да го блокираат Твитер, откако се појавија документи и фотографии што на властите во Анкара никако не им се допаѓа.

Судирот овојпат се води околу Твитер профилот на весникот „Бир ган“ кој објавил документи за тоа што полициска рација открила во камионите на турската разузнавачка служба на пат кон Сирија, пренесува Њујорк тајмс.

Камионите наводно, превезувале оружје за поддршка на бунтовниците кои во Сирија се борат против режимот на Башар ал Асад.

И покрај тоа што Твитер исполнил некои барања на турските власти и избришал одредени пораки од профилот на „Бир ган“ социјалната мрежа одбила целосно да го блокира профилот.

Турските претставници, според наводите на Њујорк тајмс, се налутиле поради таквата одлука и се заканиле со целосно укинување на Твитер на територијата на таа земја.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски