Турција ќа ја зголеми безбедноста на енергетската инфраструктура по нападите од ПКК

Од:

Турција ќе размести термокамери и патроли за да ја зголеми безбедноста на клучните нафтоводи и гасоводи, откако се зголемија нападите на курдските бунтовници, сооштија британските медиуми.

Засилените безбедносни мерки околу енергетската инфраструктура ќе бидат добродојдени за Ирачки Курдистан, чиј извоз на нафта за светот минува преку Турција. Неодамнешниот напад врз неговата маршрута чинеше над 250 милиони долари, пред се, заради неговото привремено запирање, забележуваат агенциите.

Кон средината на јули Курдската работничка партија (ПКК) соопшти дека ги засилува своите напади заради прекршување на примирјето од турска страна. Нападите се речиси секојдневни, откако Анкара на 24 јули ги почна воздушните напади врз камповите на ПКК во северен Ирак.

Азербејџанскиот цевковод Шах Дениз и иранскиот гасовод, што пренесуваат вкупно 16 милијарди кубни метри гас годишно, во последните 10 дена, исто така, беа цели на напади.

Испораките по цевководот меѓу Ирак и Турција, што испорачува курдска нафта и од регионот на Киркук до турското јужно пристаниште Џејхан, денеска се обновени по еднонеделниот прекин по напад на ПКК.

-Ризиците за компаниите, кои и испорачуваат на Турција или преку Турција, се зголемија повеќекратно во светлина на неодамнешните напади, изјави извор од енергетската индустрија, одговарен за испораките поврзани со Турција.

Бидејќи има мали сопствени резерви Турција купува 98 проценти од природниос гас и над 90 проценти од суровата нафта од странски производители. Увозот во 2014 година, оценет на 61 милијарда долари, помага за зголемување на дефицитот на буџетската сметка, што веќе достигна 45,84 милијарди долари за оваа година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција во хаос: Мртви и повредени во големи пожари

Предраг Петровиќ

Најмалку пет лица загинаа во шумски пожари во Турција

Околу 16.000 месари-аматери се повредени при ритуалното колење животни во Турција

Горан Наумовски

Се урна зграда во Истанбул, луѓе останаа заробени под урнатините

Вооружена пресметка меѓу две групи во Турција: Три лица загинаа

Горан Наумовски

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа