Трибуналот ја завршува работата, a 5.000 злосторници се уште не се процесуирани

Од:

Глас Славоније – Осијек

Жално е што по 24 години процесуирање на воените злосторници на меѓународно и државно ниво, тие злосторства се уште се негираат, не се прифаќаат утврдените факти и се величаат воените злосторници, оцени главниот обвинител на Меѓународниот суд за воени лосотрства во поранешна Југославија, Серж Брамерц, истакнувајќи дека се уште треба да се процесуираат 5.000 лица за злосторствата во БиХ.

– Тоа ги навредува и болно е за жртвите кои заслужуваат сите да ги препознаат и признаат злосторствата кои се направени над нив, рече Брамерц додавајќи дека верува оти Хашкиот трибунал направил исклучително важна работа, иако можел да направи и повеќе.

Тој потсети дека пред Трибуналот, кој кон крајот на оваа година ја завршува својата работа, се покренати 161 обвиненија за геноцид, злосторства против човештвото или воени злосторства, а осудени се 111 лица.

Сето тоа е успех, истакна Брамерц, каков за жал ниту еден друг меѓународен суд до сега не успеа да оствари.

Според главниот обвинител на Трибунаол, без оглед на тоа, пред домашното судство на органите во регионот и натаму им претстои голема работа, а поради учество во воени злосторства направени на подрачјето на Босна и Херцеговина треба да се процесуираат уште околу 5.000 лица.

Брамерц смета дека и таа работа може да се заврши со засилени напори на правосудните органи во БиХ. Како што истакна, соработката на Обвинителството на чие чело е тој со Обвинителството во БиХ се подобрила откако должноста на Јавна обвинителка лани ја презела Гордана Тадиќ.

– Видовме дека постои траен напредок во работата на сложените предмети на воените злосторства, а тоа е многу важно. Има уште околу 5.000 осомничени кои треба да бидат процесуирани за воени злосторства, што значи треба уште многу да се направи, а напредокот кој го гледаме охрабрува, рече Брамерц.

Би можело да ве интересира

Меѓународниот суд на правдата во Хаг бара апсење на Нетанјаху и на шефовите на Хамас

Сајбер напад врз компјутерскиот систем на Меѓународниот кривичен суд во Хаг

Симатовиќ е пуштен на привремена слобода

Горан Наумовски

Русија издаде налог за апсење на хашкиот судија кој издаде налог за апсење на Путин

Ана Ололовска

Следната недела во Хаг започнува судењето на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи

Ана Ололовска

Хашкиот процес против Тачи и обвинетите за злосторства во Косово и Албанија ќе почне на 1 март

Ана Ололовска