Трамп и Ердоган разговараа за Сирија

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп и претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган денеска разговараа телефонски за повлекувањето на војската на САД од Сирија и соработката за време на тој процес.

Како што пренесуваат медиумите, Трамп истакнал дека сака да соработува со Турција за да се решат безбедносните проблеми што таа ги има на североисток од Сирија.

Американскиот претседател исто така нагласил дека Турција не треба да ги „злоставува“ Курдите или другите национални групации кои беа сојузници на САД во борбата против терористичката група Исламска држава.

– Ердоган порача дека Турција ќе ги поддржи САД за време на повлекувањето на војската, се наведува во соопштението од Кабинетот на турскиот претседател.

Двајцата лидери разговараа неколку часа по предупредувањето на Трамп упатено кон Турција дека ќе ја „уништи“ турската економија во случај на напад на курдските паравоени формации во Сирија.

Би можело да ве интересира

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Масовни протести на Американците против Трамп

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

Додик: Ќе му понудам на Трамп литиум пронајден во РС, тоа ќе го намали притисокот врз нас

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

Трамп: Постигнат голем напредок во преговорите со Јапонија