Тодориќ испорачан во Хрватска

Од:

Основачот на Агрокор, Ивица Тодориќ вечерва беше спроведен во загребскиот затвор, откако беше испорачан од Велика Британија во Хрватска.

Тодороќ во Загреб слета со авион на редовна линија Лондон-Загреб вечерва во 21 часот.

Во авионот имаше и повеќе хрватски новинари кои се враќа од туристичкиот саем во Лондон.

По излегувањето од авионот од зградата на аеродромот Тодориќ беше изведен од спореден излез, а не на главниот излез каде што го чекаа новинарите, па со служебено возило на хрватското МВР беше пренесен во затвор.

Велика Британија го испорача Тодориќ во Хрватска откако минатата година тој избега таму по избивањето на аферата Агрокор, во која е осомничен дека незаконски прибавил 1,142 милијарди куни.

Вечерта Тодориќ ќе ја помине во притвор, а се очекува утре да биде испрашуван во обвинителството, кое што во октомври минатата година започна истрага со Агрокор која опфати 15 лица, поранешни членови од управниот и надзорниот одбор на фирмата, како и двајца вработени во ревизорската куќа Бејекр Тили, која ги правела ревизорските извештаи за Агрокор.

Тодороиќ е првоосмничен во аферата, а помеѓу осомничените се и неговите синови, Иван и Анте.

Истражниот судија во Загреб само на Тодориќ му одреди истражен затвор поради опасност од влијаење на сведоци, а бидејќи не беше достапен на хрватското праводуство, за него беше распишана меѓународна потерница. Одбраната на Тодориќ се жалеше на одлуката за притворот, но таа жалба не беше ни разгледувана бидејќи Тодороќ беше недостапен за властите.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари